Спорт
Продолжува победничката низа на КК Гостивар, совладана и екипата на ФМП Академија 83-93
Продолжува победничката серија на кошаркарите на Гостивар кој вечерва во салата Независна Македонија во Скопје, ја совладаа екипата на ФМП Навико Академија со резултат 83-93.
Домаќините мотивирани влегоа во натпреварот поведувајќи (7-2), позитивата успеаа да ја одржат до крајот на првиот период добивајќи го (21-18). Гостивар „запали“ дури во вторите 10 минути, со експлозивна игра за која домаќинот немаше одговор успеаа целосно да го свртат резултатот во своја полза, постигнувајќи дури 31 поен во вториот период, за на полувреме се замине со резултат 32-49.
Во вториот дел ФМП Навико Академија направи обид резултатски да се врати во игра, добивајќи го третиот период (21-14), но искуството на гостиварци не дозволи неизвесност. Најдоброто од натпреварот актерите на двете екипи го оставија за последните 10 минути, во крајно ефикасна четвртина која заврши изедначено (30-30) беше доволно за петта победа на КК Гостивар со конечен резултат 83-93.
Корсантија со 28 поени беше најефикасен на натпреварот, Виктор Ефремоски постигна 23, Маслинко 16 поени. Кај домаќините најрасположен беше Предраг Пајиќ со 23 поени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ