Гостивар
Проект „Превенција од насилство во спортот“ за средношколците во Гостивар и Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово денеска (6 април) започна со практична имплементација на нов превентивно-едукативен проект „Превенција од насилство во спортот“, чиј носител е Отсекот за превенција.
Со проектот ќе бидат опфатени околу 3000 ученици од трета година, кои следат настава на македонски, албански и турски јазик во сите тетовски и гостиварски училишта. Стручно обучени полициски службеници на учениците-средношколци, на посебни часови, ќе ги информираат за законските импликации предвидени во Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари, а со кои можат да се соочат доколку иницираат или непосредно бидат инволвирани во инциденти на натпревари или манифестации од спортска природа и карактер.
„На часовите, исто така, на учениците ќе им се укаже и на општествената и друга потреба за меѓусебно почитување и толеранција, без разлика на нивната етничка, верска и друга припадност, за воздржување од говор на омраза и за надминување на разните видови предрасуди и стереотипи. Проектот се планира да се реализира овој и идниот месец, со цел преку информирање и едукација навреме да се превенираат можни инциденти и други несакани настани на спортските натпревари.“, информира СВР.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение