Гостивар
Промоција во Гостивар – Кипроски испиша историски момент во македонското новинарство
Објавено
пред 4 месецина

Педесет и две годишното новинарско искуство на доајенот на македонското новинарство Киро Кипроски е крунисана во монографијата „Поглед низ времето“, која денес беше промовирана во Гостивар.
Во над 520 страници, со околу 200 новинарски текстови оживеани се записи, репортажи, оригинални стории и фотографии – сведоци на настани и случувања, не само за гостиварскиот крај туку и пошироко.
„Станува збор за историски момент и чин во македонското новинарство, затоа што ваква книга со еден ваков опфат на теми и посветеност, до сега немало. Овие текстови на Кипроски времето не ги победило, овие материјали може и сега да се читаат како современи записи на разни теми, почнувајќи од репортерски записи од Македонија и странство, спорт, култура…Оваа книга ќе остане втемелена во историјата на македонското новинарство, ќе биде инспирација и можеби извор на нови истражувања за новинарите да се навраќаат на некои теми кои во неа се обработени. Мислам дека Киро дава придонес не само во историјата на макеодонското новинарство, туку и воопшто во историјата наМакедонија, нешто што ќе остане забележано за следните генерации.“, нагласи промоторот Блаже Миневски, новинар и публицист, долгогодишен колега на Кипроски.
Книгата е подготвувана во период од една година и авторот вели дека не било лесно да се издвојат текстовите што ќе влезат меѓу кориците на ова дело, со оглед дека има опус од над 2.000 новинарски записи, поткрепени со автентични фотографии. Денот на промоцијата го доживува како круна на сработеното.
„Се чувствувам прекрасно, ова е убав ден за мене. Откако ја најавив промоцијата на оваа моја 10-та монографија, преку 300 колеги ми се јавија, ме исконтактираа да ми честитаат, еве сега промоцијата поминува со големо внимание и тоа е најголемо признание за еден автор. Сакам на сите, од срце да им се заблагодарам“, рече Кипроски.
За новинарскиот труд и новото дело на доајенот на македонското новинарство, на промоцијата зборуваше и проф. д-р Светлана Велјаноска. „Киро е еден од малкуте новинари кои истовремено оставиле белег и во печатените и во електронските медиуми и во радиото, а исто така и во фоторепортерството. Читајќи ја монографијата, може да се види дека не е ограничен само на Гостивар туку пишува и за Галичник, особено внимание дава на Галичката свадба, на Бигорскиот Манастир, има впечатливи интервјуа со Радован Павловски, Томе Серафимовски, пишува за нобеловецот Ферид Мурад. Неговите репортажи за Тунис, Ангора, Кина се привлечни за читање и ја потврдуваат вредноста на неговата повеќедецениска новинарска и фоторепортерска кариера која се уште трае’, подвлече Велјаноска.
Промоцијата на „Поглед низ времето“ во Гостивар беше збогатена со музички настап на триото „Кладенец“.
ОГЛАСИ ЗА РАБОТА:

Бизарни предизвици на социјалните мрежи крајно опасни за децата

КК Гостивар победи во Струга 72-83

Бројот на нови корона случаи во Гостивар не престанува да расте

Гостиварци може да дадат оценка за системот со камери на сообраќајната полиција

Можност за годишна стипендија од 1.000 евра за средношколци таленти

Црн Дрим Струга – КК Гостивар денеска од 16 часот

Приведен сопственик на чајџилница во Гостивар, затекнати 11 гости по дозволеното време

Барањата на сметководителите одбиени, рокот за завршните сметки останува ист

Големо намалување од -20% до -50% на производите на FLAIR во Гостивар

Земјотрес почувствуван во Гостивар

Погледнете ги најинтересните и најчудни автомобили на светот

Од полноќ горивата поскапи за половина до 1,5 денар

Годишнина од смртта на претседателот Трајковски – Каква порака испрати при последната посета на Гостивар?

Првата клапа на „Гостиварскиот Роки“ е снимена :))

Гостиварците Анастасоски и Лазарески ќе се натпреваруваат на Светското првенство во скијање во Италија

Гостиварецот Шурбан успешно ја пренесува љубовта кон планините на новите генерации

На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Што, како, каде?!пред 4 недели
Големо намалување од -20% до -50% на производите на FLAIR во Гостивар
- Здравје и убавинапред 3 месеци
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ, поскапуваат горивата
- Македонијапред 3 месеци
Проверете дали сте на листата на граѓани кои ќе добијат по 6000 денари од четвртиот сет мерки
- Гостиварпред 4 дена
Земјотрес почувствуван во Гостивар
- Гостиварпред 3 месеци
Обновени се податоците: Проверете дали сте добитник на финансиска помош од 6.000 денари
- Гостиварпред 2 месеци
Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово
- Гостиварпред 3 месеци
Запознајте го Давид од Гостивар, најмалиот железничар на светот