Поврзи се со нас

Гостивар

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Објавено

на

Гостиварци уште еднаш протестираа претворањето на Русино во регионална депонија за Полог. Протестниот марш започна пред општинската зграда, преку централното градско подрачје, улицата „Дебарска“, булеварот „Браќа Ѓиноски“ и се заокружи пред судската зграда.

Граѓаните носеа транспаренти со натписи: Русино е смрт! Уште 10 години пекол! Дали животот на гостиварци вреди 3 милиони евра! Белите дробови ни се црни!итн.

„Се собираме со цел конечно решавање на проблемот и затворање на дивото ѓубриште Русино. Имаме поддршка од градоначалникот, сите советници и политички претставници и сметаме дека ова можеби ќе биде последен протест. Дај боже да се собереме заедно да пиеме кафе некогаш горе на таа локација, кога ќе биде чиста и пошумена и оплеменета“, изјави Соња Божиновска од иницијативата Стоп Русино.

Во изјавата дадена на протестот градоначалникот Арбен Таравари нагласи дека генерално се согласува со ставовите на граѓаните. „Јас начелно се согласувам дека Русино не е адекватно место за регионална депонија и нека се дислоцира. Дека тоа не може да биде за ден, два или за една година, не може, но ете нека биде рокот за 3 до 4 години максимум.“, рече градоначалникот.

Напред на колоната одеа дечиња со цвеќе во рацете, со цел да се испрати порака: Гостиварци сакаат цвеќе, а не депонија!

Министерот за животна средина доби јавна покана да дојде да го посети Гостивар и Русино, за сам да ја увиди алармантноста на состојбата.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена