Гостивар
Прва координација за проблемот со присуство на мечките низ селата

Почнаа координативните средби за надминување на проблемот со присуство на мечки во населените места на подрачјето на мавровско-реканскиот крај. За координација на активностите на институциите задолжен е директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, а на средбата присуствуваа претставници од: Министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство, за животна средина и просторно планирање,за внатрешни работи, Национален парк „Маврово“, Општина Маврово – Ростуше, Зоолошка градина, овластена од Анима мунди, Македонско еколошко друштво и др.
„За надминување на опасностите од кафените мечки на територијата на државата, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, во повеќе наврати ја посети Општина Маврово – Ростуше, во рамки на реализирање на задолженијата од Владата на Република Северна Македонија. Притоа, во овој прекрасен планински крај, оствари средби со поединци и со населението коешто е засегнато од прекумерниот број мечки на таа територија. Заради секојдневното влегување на мечките во селата има зачестени напади на нивниот добиток и имот, па и влегување во куќите и „блиски средби“ со жителите на селата во општината. Практично, мештаните посочија дека, иако со генерации живеат едни покрај други со мечките, во последниот период и особено оваа година, влегувањето на мечките во населбите е многу зачестена појава што е алармантна и предизвикува голем страв од нив и затоа побарале помош од Владата. Покрај, разговорите со мештаните каде што е присутен проблемот со прекумерниот број мечки, Ангелов остварува средби и со мештани од региони каде што нема кафени мечки и разговора и прибира информации за нивното мислење за евентуално преселување на одреден број кафени мечки од регионите каде што ги има во регионите каде што ги нема, а биле присутни порано.“, известија од ЦУК.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила