Поврзи се со нас

Гостивар

Пуштена во употреба асфалтираната половина од патот до депонијата Русино

Објавено

на

Заврши првата фаза од изградбата и асфалтирањето на патот кој води до регионалната депонија Русино. Се работи за делница од 2,5 километри, што е всушност половина од целиот пат до депонијата. Зафатот се реализираше со пари од Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен развој, преку проект на Центарот за развој на полошкиот регион.

„Министерството оддели 24,5 милиони денари за изградба на оваа делница. Се надеваме дека со проект наредната година, Министерството ќе успее да го дофинансира целосно патот и да го завршиме. Паралелно со ова издвоивме средства и за изработка на проектна документација за изведба на алтернативен пат. Ова е една многу значајна депонија за полошкиот регион и Министерството со задоволство преку Бирото за рамномерен регионален развој издвои пари за овој проект“, изјави министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

На официјалното пуштање во употреба на патот, присуствуваа и градоначалниците на Гостивар и на Тетово.

„Како што знаете депонијата Русино е регионална и ги опфаќа сите девет општини од полошкиот регион. Ние завршивме само дел од патот, сега останува втората половина, како и алтернативиот пат кој почнува од магистралата Кичево-Гостивар, од каде би влегувале камионите полни и би го растоварале сметот на Русино, па преку Гостивар, потоа би се враќале кога се веќе празни. Посакувам што побрзо да ги завршиме и овие проекти. Се надевам дека до тогаш Владата ќе изнајде и едно трајно решение за депонијата која е канцер за Гостивар“, рече гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи нагласи дека проектот е резултат на заедничко разбирање на деветте полошки општини. „Благодарност до Министерството за локална самоуправа и до Бирото за регионален развој за нивниот удел во оваа работа и се надеваме дека со заеднички ангажмани ќе можеме и во иднина да спроведуваме вакви слични проекти“, изјави Арифи.

Центарот за развој на полошкиот плански регион имплементира проект за стандардизирање на депонијата Русино, со поддршка на Швајцарската агенција за развој од 7,9 милиони франци. Во негови рамки планирано е во 2020-та година да се формира заедничко комунално претпријатие кое ќе менаџира со депонијата.

Проценките се дека за да прерасне во најсовремена депонија со фабрика за рециклажа, потребни се над 30 милиони евра

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена