Поврзи се со нас

Вести

Пуштена во употреба нова фабрика во Гостивар – вработува 40 луѓе

Објавено

на

 

Со пригодна свеченост во гостиварски Балиндол, денес официјално беше пуштена во употреба фабриката на англиската компанија Пауер Рисорсес Груп. Во фабриката – рафинерија за производство на редок метал тантал, се инвестирани 12 милиони долари, а моментално се вработени 40-тина работници.

На церемонијата на отворањето присуствуваа бројни гости, соработници, јавни личности од политичкиот живот и бизнис заедницата од Гостивар и пошироко.

Директорот на компанијата Реј Пауер, упати благодарност до целиот тим за успешно завршената работа.

„После неколку години истражување и речиси две години индустриска изградба и тестирање, можам да кажам дека оваа фабрика во Балиндол е неверојатно достигнување. Развивањето на нова технологија од индустриски размери во ограничен рок е многу сложено. Но, мојот тим составен од технолози, инженери, научници, техничари, административен персонал ја изгради оваа фабрика од нула, честопати принудуван да измислува нови процеси со ограничени хардверски извори што ни беа достапни на локално ниво“, рече Пауер.

На свеченоста се обрати и Принцот Мајкл од Кент. „Како голем пријател на оваа земја го гледав развојот на оваа инвестиција од блиску. Тоа што компанијата Пауер Рисорсес Груп го постигна тука е навистина извонредно. Сакам да потенцирам дека ваквите компаиии како ПРГ имаат вистинско влијание во отворање нови работни места и општествен развој“, нагласи принцот.

Градоначалникот Невзат Бејта изнесе дека како општина секогаш се залагале за обезбедување поволни услови за инвеститорите. „Сите компании коишто инвестирале во општина Гостивар ја издигнале економијата и ја ублажиле нвработеноста и за тоа сме благодарни. Ние постојано создаваме услови за инвеститорите, и за странските и за домашните. Во оваа прилика сакам да ги повикам нашите бизнисмени кои работат надвор да се вратат и да инвестираат во родниот крај, за што ние се трудиме да обезбедиме поволен терен“, рече градоначалникот пред присутните.  

Фабриката во Балиндол ќе произведува биокомпатибилен редок уникатен метал, тантал кој наоѓа примена во светот на високата технологија. Најчесто се употребува во висококвалитетната електроника, за одредени делови во таблети, ајфони и други електронски уреди. Освен тоа се користи и во медицински импланти. Од компанијата потенцираа дека процесот на преработка е безбеден за околината без испуштање штетни гасови и загадувачки отпад.

 

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Спортпред 6 часа

Тајсон Фјури и Олександр Усик по 25 години ќе боксуваат за шампион во тешка категорија

Избори 2024пред 7 часа

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Гостиварпред 10 часа

Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар

Здравје и убавинапред 13 часа

Светски ден на ретката болест порфирија

Спортпред 1 ден

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Македонијапред 1 ден

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Гостиварпред 1 ден

Генералка викенд 2024 – Гостивар заеднички исчистен на неколку локации

Гостиварпред 1 ден

Советот на Општина Гостивар одобри јавно-приватно партнерство за поставување соларни панели на општински објекти

Гостиварпред 1 ден

Приведен жител на Дебреше поради закани и кражба на мобилен телефон

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена