Спорт
Пуштени во продажба билетите за натпреварите на македонската фудбалска репрезентација против Грузија и Гибралтар

Фудбалската федерација на Македонија преку „Mk Tickets“, официјалниот партнер за продажба на билети, започна со продажба на билети за натпреварите на македонската А репрезентација против Грузија и Гибралтар закажани за 9 и 12 јуни на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамки на групата од УЕФА Лига на нации.
Влезниците се продаваат по цена од 250 денари за северната трибина, 250 денари за блоковите 1, 2, 5 и 6 за јужната трибина и 350 денари за централните блокови 3 и 4 од јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.
Билетите од источната трибина се ставени на располагање за гостински навивачи.
– Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација да им бидат поддршка на „Рисовите“ за важните натпревари против Грузија и Гибралтар од Лига на нации, апелираат од ФФМ.
Влезници може да се набават и на билетарата на источната трибина на Националаната арена која ќе биде отворена за купување на билети на денот на натпреварите од 10 часот.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022