Вести
Путин: Европа треба да и се заблагодари на Турција
Гасоводот „Турски тек“ работи како и досега без никаков прекин и европските партнери мора да знаат и бидат благодарни на Турција за тоа, изјави рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Сочи.
„Верувам дека нашите европски партнери ќе мора да и бидат благодарни на Турција за нивната поддршка и непречениот транзит на нашиот гас на европскиот пазар“, рече Путин, а пренесува ТАСС.
Рускиот претседател јавно го пофали и му се заблагодари на Ердоган за напорите што ги направи за да се реши прашањето за испорака на жито од Украина.
На денешниот состанок во план беше потпишување на меморандум за развој на трговско-економските односи меѓу Русија и Турција. Владимир Путин нагласи дека за време на преговорите со турскиот лидер нема да ги игнорира сите прашања што го интересираат за Сирија.
Ова е втора средба меѓу Ердоган и Путин за 17 дена, откако претходно се сретнаа во Техеран, на трилатерална средба со претседателот на Иран Ебрахим Раиси.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар