Вести
Путин: Русија ќе ги брани своите интереси со сите расположливи средства

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва ќе ги брани своите интереси „со сите расположливи средства“, пренесyва Ројтерс.
Путин ги даде коментарите за време на телевизиската сесија на рускиот Совет за човекови права, велејќи дека Западот ја третира Русија како земја од „втора класа“ која нема право да постои. Тој рече дека Рускиот совет за човекови права може да биде важно меѓународно место за заштита на човековите права.
„Верувам дека нашиот Државен совет како институција веќе работи со бројни граѓански организации во Русија, но и во странство и може да стане важно меѓународно место каде што ќе може да се разговара за прашањата за човековите права и заштитата во современиот свет“, истакна Путин, јави ТАСС.
Додавајќи дека „доктрината за човекови права се користи на глобално ниво за да се уништи суверенитетот на државите и да се поддржи доминацијата на Западот“.
„Гледаме дека оваа доктрина се користи за уништување на суверенитетот на државите, за оправдување на западната политичка, финансиска, економска и идеолошка доминација“, истакна Путин.
Тој уште образложи дека Русија во Украина има распоредено речиси половина од луѓето регрутирани во делумната мобилизација на резервистите, односно околу 150.000 војници.
„Од 300.000 наши мобилизирани борци, наши луѓе, нашите бранители на татковината, 150.000 се во оперативната зона. Од тој број 77.000 резервисти се директно распоредени во борбите, а останатите се распоредени во втората и третата борбена линија“.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение