Вести
Путин за вештачката интелигенција: Неопходно е да се спречи западниот монопол, најави национална стратегија за развој на ВИ

Зборувајќи на конференција посветена на вештачката интелигенција во Москва, Владимир Путин истакна дека “императив e да се користат руски решенија во областа на создавање сигурни и транспарентни системи за вештачка интелигенција кои се исто така безбедни за луѓето“.
„Мнополската доминација на таквата странска технологија во Русија е неприфатлива, опасна и недозволива“, рече Путин.
Тој истакна дека „многу современи системи, обучени за западни податоци, се наменети за западниот пазар” и „го одразуваат тој дел од западната етика, нормите на однесување, јавната политика на кои се спротивставуваме“.
Путин предупреди дека алгоритмите развиени од западните платформи може да доведат до дигитално “откажување” на Русија и нејзината култура.
„Вештачката интелигенција создадена според западните стандарди и модели може да биде ксенофобична“, рече Путин, додавајќи:
“Западните прелистувачи и генеративните модели често работат на високо селективен, пристрасен начин, не земајќи ги предвид, а понекогаш едноставно игнорирајќи ги и поништување на руската култура. Едноставно, машината добива некаква креативна задача и ја решава користејќи само податоци на англиски јазик, што е погодно и корисно за развивачите на системот. Така, алгоритмот, на пример, може да и укаже на машината дека Русија, нашата култура, науката, музиката, литературата едноставно не постојат“, рече тој.
Путин истакна дека обидите да се забрани развојот на вештачката интелигенција би биле невозможни, но тој укажа на важноста од обезбедување на неопходните мерки за заштита.
„Убеден сум дека иднината не лежи во забраната на развојот на технологијата, тоа е едноставно невозможно“, рече тој. „Ако забраниме нешто, тоа ќе се развие на друго место, а ние само ќе заостанеме, тоа е се“.
Путин рече дека наскоро ќе биде утврдена новата редакција на развојот на вештачката интелигенција во Русија, а во документот ќе бидат воведени голем број суштински промени и ќе се прецизираат целите и задачите.
„Во блиска иднина, како еден од првите чекори, ќе се потпише претседателски декрет, ќе се утврдува нова верзија на националната стратегија за развој на вештачката интелигенција. Имајќи го предвид брзиот раст на технологијата, во тој документ мора да се направат голем број суштински промени, да се наведат целите и задачите. Станува збор пред се за проширување на фундаменталните и применети истражувања во областа на генеративната вештачка интелигенција и големите јазични модели“ – изјави тој.
Рускиот претседател исто така посочи дека е неопходно да се зголемат капацитетите на постоечките руски суперкомпјутери, бидејќи тоа е од клучно значење за понатамошниот развој на генеративната вештачка интелигенција.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград