Гостивар
Работата на ОВР Гостивар за двете пандемски години утре на седница на Советот

Извештаите за работата на ОВР Гостивар за 2020-та и 2021-ва година утре ќе се најдат на дневен ред на седница на Советот на општината. Документите содржат податоци за состојбата со безбедноста, криминалитетот, јавниот ред и мир, сообраќајот и друго, на подрачјето што го покрива гостиварското одделение за внатрешни работи, во изминатите две години кои поминаа во знакот на ковид пандемијата.
Во двата извештаи се наведува дека безбедносната состојба на подрачјето била стабилна без посериозни наруѓувања. Во 2021 се бележи зголемување на бројот на кривични дела во однос на 2020-та, кога пак имало намалување споредено со претходната година.
На утрешната седница, освен работата на полицијата, на дневен ред е и предлог одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за системот за јавно осветлување, предлог одлука за ослободување на плаќање на самохраните родители кои се социјални случаи во ЈУДГ “Детска Градинка-Гостивар и др.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение