Гостивар
Расте бројката на заболени од грип-Гостивар меѓу најпогодените градови
Втора недела по ред се зголемува бројката на заразени со грип во земјава, бележи Институтот за јавно здравје во последниот извештај. Во периодот од 9 до 15 јануари 2023 година во Македонија се пријавени 1.346 случаи, што е 63,9% повеќе во споредба со претходната недела.
Најмногу заболените се пријавени во Битола и Струмица – по 147 и Гостивар – 125. Во останатите градови, бројот на пријавени е помал од 100. Во однос на возрасната дистрибуција, 888 лица се на возраст од 15-64 години, 186 кај деца на возраст од 5-14 години, 139 кај деца на возраст од 0-4 години и 133 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години.
„Во сезоната 2022/2023 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 3.097. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 16,7%, а во однос на моделот од последните 12 сезони се регистрира зголемување од 12,7%.“, пишува во извештајот.
Збирно заболените се пријавени од дваесет и една подрачна единица на Центрите за јавно здравје. Најголем број на заболени лица, 378, се пријавени од Битола и Гостивар со 370.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!