Поврзи се со нас

Македонија

Реакција: Местото на здравствените работници не е пред гласачките кутии, туку покрај болничките кревети

Објавено

на

Доктор Нико Беќаровски, научен советник и раководител на интензивна нега на Универзитетската клиника за токсикологија во Скопје преку својот фејсбук профил јавно побара од министерот за здравство Венко Филипче,  премиерот Оливер Спасовски и претседателот на ДИК Оливер Дерковски, здравствените работници да се изземат од избирачкие одбори, потенцирајќи дека може да се случи колапс на здравствениот систем.

Во продолжение го пренесуваме отвореното писмо на д-р Беќаровски во целост:

„ОТВОРЕНО ПИСМО ДО г-дин ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, г-дин ОЛИВЕР СПАСОВСКИ и г-дин ОЛИВЕР ДЕРКОВСКИ

Во овие најтурбулентни 4 месеци од историјата на Република Македонија, здравствените работници и полицијата беа на штитот од одбраната од невидливиот убиец. Да, можеби имаше и ситни или покрупни дезертери и во нашите редови, ама најголемиот дел совесно и беспрекорно ги извршуваше своите работни задачи, ИАКО МНОГУ ЧЕСТО И БЕЗ ДОВОЛНА ЗАШТИТНА ОПРЕМА НА СЕБЕ. Додека другите панично седеа дома, ние деноноќно војувавме и се уште војуваме. Се снаоѓавме како знаеме и умее да стигнеме до работното место, кога целиот превоз не функционираше. Имаше здравствени работници кои пешачеа и по 20км само да стигнат на смена во времето на полициски час. АМА НЕ СЕ БУНЕВМЕ.
Со денови, недели и месеци не сме ги виделе своите најблиски, ама тоа е дел од нашата професија. И ПАК НЕ СЕ БУНЕВМЕ !!!
Кога стигна наредбата за забрана за докористување на ланските одмори, повторно достоинствено ја прифативме, иако бевме заморени. И ПАК НЕ СЕ БУНЕВМЕ !!!
Кога стигна наредба за потребата од пополнување на испразнетите места на инфективните и другите COVID центри и таа задача ја исполнивме. Многумина беа прераспределени во други градови, далеку од своите домови. И ПАК НЕ СЕ БУНЕВМЕ, ЗНАЕВМЕ ДЕКА Е ВО ИНТЕРЕС НА ОПШТОТО ЗДРАВЈЕ.
Кога одлучивте дека не смееме да ги користиме ниту одморите од оваа година и цело лето да го поминеме потејќи се со маска, скафандер и визир на себе, си рековме, што да се прави мора, пандемијата коси. И ПАК НЕ СЕ БУНЕВМЕ, ЗА ЗДРАВЈЕТО НА НАЦИЈАТА СЕ РАБОТИ !!!!
Вчера добив мејл дека ДИК одлучила повторно да не врати во избирачките одбори. Во држава со преку 135.000 јавна администрација, од која најголем дел ги прележа овие четири месеци, оваа одлука е повеќе од НЕБУЛОЗНА. Во денови кога ниту со постојниот преостанат здравствен персонал НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ СООДВЕТНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА, наметнувањето на оваа нова нездравствена обврска ЌЕ ПРЕСТАВУВА КОЛАПС НА ВЕЌЕ ПРЕОПТЕРЕТЕНИОТ ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ. Членувањето во избирачки одбори е ангажман од најмалку 5 дена. Зарем мислите дека во дадениов момент, нашето јавно здравство може да поднесе еден значаен дел од здравствените работници да е отсутен 5 дена!!!
Ако е така, зошто ни ги укинавте одморите ???
Почитувани, УКИНЕТЕ ЈА ВЕДНАШ ОВАА ПОГРЕШНА ОДЛУКА ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА !!!!
ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ СЕКОЈ ДЕН СЕ ИЗЛОЖЕНИ НА КОНТАКТИ СО ЗАБОЛЕНИ ЛИЦА И ОПАСНОСТА ДА ЈА ПРЕНЕСАТ ЗАРАЗАТА И НА ДРУГИ Е МНОГУ ПОГОЛЕМА !!!!
МЕСТОТО НА ЗДРАВСТВЕНИОТ РАБОТНИК ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА Е ПОКРАЈ БОЛНИЧКИОТ КРЕВЕТ, А НЕ ПРЕД КУТИИ !!!!!
ОВОЈ ПАТ НЕМА ДА ЌУТИМЕ !!!!!!!!!!!!!!!!
ДОСТА Е !!!!“

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Македонијапред 5 часа

Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето

Гостиварпред 13 часа

ЦУК: Сообраќајот во отежнати зимски услови, се чистат главните улици, споредните по приоритет

Македонијапред 14 часа

3,5 милиони евра за чистење на снегот по улиците и патиштата низ државата

Гостиварпред 16 часа

Поради дефект прекин на водата во болницата во Гостивар и неколку населби

Гостиварпред 16 часа

Забрани за тешки товарни возила на патот Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево и на други патни правци низ државата

Гостиварпред 17 часа

Гостивар се разбуди под снежна покривка, снег ќе врне и во текот на денот

Магазинпред 1 ден

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Македонијапред 2 дена

Влегуваме во студен бран со снежни врнежи

Македонијапред 2 дена

Регистрација за ДДВ до 15-ти јануари

Светпред 4 недели

Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година

Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Што, како, каде?!пред 1 недела

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 2 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 2 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведени две лица

Гостиварпред 7 дена

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена