Гостивар
Ребалансот на буџетот пред гостиварскиот Совет следната недела

Советот на Општина Гостивар на 25 јуни (вторник) ќе ја одржи петнаесеттата седница. Како и вообичаено, дневниот ред е обемен и содржи над 70 точки од разни области: буџет и финансии, работа на јавни претпријатија, реализација на проекти, а најбројни се прашањата од урбанизмот, односно легализацијата на диво изградени објекти.
Како што е најавено, седницата ќе започне со предлог-одлука за Ребаланс на буџетот на Општина Гостивар за 2019-та година. Во однос на оваа тема, претходно градоначалникот Арбен Таравари реагираше дека мнозинството во Советот, избегнувајќи да свика седница за ребалансот, го кочи функционирањето на локалната самоуправа. Претседателот на Советот пак, Насир Муслиу тогаш даде објаснување дека не се работи за кочење, туку се бара погоден термин за свикување на седницата. Како и да е, за прераспределбата на општинските пари ќе се дискутира пред Советот за неколку дена, а дали советниците ќе најдат заеднички јазик и ќе го прифатат ребалансот, останува да се види.
Комисијата за финансии и локален економски развој, во понеделник (24 јуни) ќе одржи состанок на кој ќе го разгледа предлог ребалансот на буџетот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош