Поврзи се со нас

Гостивар

Ревија на рециклирана мода во Гостивар – спој на хуманост, креативност, екологија

Објавено

на

Младите гостиварци покажаа како успешно може да се спојат хуманоста, креативноста и екологијата. Вчеравечер под мотото “Креираме модели за хумани цели!“ во Гостивар се одржа хуманитарна модна ревија на модели изработени од рециклирачки материјали. На сцената продефилираа основки и средношколки од гостиварските училишта во креации направени од весници, салфетки, пластични чаши, цд-а, најлон и слично.

Настанот го организираа младите волонтери во рамки на Програмата за промоција на хумани вредности на Црвениот крст.

„Идејата и целта е да рециклираме, креираме и помагаме. Учениците со своите ментори беа многу вредни и на моделите работеа изминатите два месеци“, рече Ангела Ангелкоска, волонтер

Секое училиште имаше посебна тема на своите модели, како на пример, светлина, виножито, шеесеттите години, традиција и други.

Модната ревија беше збогатена со музички изведби на млади гостиварци. Парите собрани од влезниците ќе бидат наменети за помош на социјално загрозено семејство.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена