Поврзи се со нас

Гостивар

Роботот „Здравко“ од Жировница освои 3.000 евра и прво место на иновациски предизвик

Објавено

на

Креативноста и вложените труд и време на учениците и наставниците од основното училиште „Јосип Броз Тито“ во Жировница се крунисани со успех. На иновациски предизвик за основните училишта на тема „Изум кој ќе го направи светот подобро место за живеење“ што го организираше НЛБ банка, нивната макета на паметен робот го освои првото место и награда од 3.000 евра.

Роботот се вика Здравко, а името е избрано затоа што асоцира на здравје и здрава животна средина. Идејата е Здравко да може да собира, рециклира и да чисти отпад. Направен е генерално од стара хартија, има посебни кутивчиња за селекција на отпад во различни бои и украси што му даваат пријателски лик.

„Го видовме конкурсот за иновациски предизвик и решивме да се пријавиме. Идејата за паметен робот беше на наставниците, а во изработката учествуваа децата од целото училиште. Секој имаше своја задача и даде свој придонес. Целиот процес на создавање на Здравко траеше само 6 дена, значи имавме интензивна и посветена работа“, рече Рамазан Раманоски, наставник по македонски јазик.

За учениците доживувањето да учествуваат во правење на робот било интересна, поучна и многу забавна активност. Веста за наградата, како и целиот училишен колектив, ја примиле со голема возбуда и среќа.

„Кога не‘ известија дека сме ја добиле првата награда бевме пресреќни, особено учениците. За сите нас ова е поттик и понатаму да се вклучуваме во вакви активности, затоа што креативноста и работата на крај се исплатат“, вели Раманоски.

Додека од макета да прерасне во вистински паметен робот, Здравко стои во училишната зграда во Жировница да ги потсетува децата и возрасните дека треба да развиваат еколошки навики и да се грижат за животната средина.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 3 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 4 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 5 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 16 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 18 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 21 час

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 23 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 1 ден

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена