Гостивар
Учениците од регионот на Гостивар учат како се дава прва помош

Општинска организација на Црвениот Крст Гостивар започна серија обуки во рамки на кампањата ,,Првата помош спасува живот”, со кои најпрво беа опфатени стотина средношколци од медицинското училиште во прва и втора година Обуките беа спроведени од страна на демостратор Азра Имери Рамадани и волонтери од Клуб на млади на Црвен крст. Црвен крст Гостивар планира до крајот на тековната година да спроведе бесплатни обуки на деца од 12-18 години во основни и средни училишта во општина Гостивар, општина Врапчиште и општина Маврово-Ростуше.
„Согласно планот на активности предвидено е да се обучат над 1000 млади лица-ученици. По завршување на обуката сите ученици ќе добијат благодарници за учество. На овие обуки децата ќе имаат можност да стекнат основни знаења за укажување на прва помош како брза и витална интервенција чија цел е да се спаси човечки живот, но и да се намалат компликациите од настанати повреди и инвалидитет.“, информираат од организацијата.
Целта на оваа кампања е подигнување на свеста кај младата популација за значењето на првата помош како животоспасувачка вештина.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести