Поврзи се со нас

Вести

РСБСП: Користете зимска опрема за безбедно учество во сообраќајот во зима

Објавено

на

Сообраќајните незгоди и трагедиите што секојдневно, во голем број, се случуваат на патиштата ширум земјава, како да не се доволни за да се разбуди свеста и одговорноста кај сите возачи, нагласуваат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот. За жал, и покрај тоа што временските услови од ден на ден сѐ повеќе се влошуваат, што е нормално и очекувано за овој период од годината, сепак, голем број возачи не ја почитуваат законската обврска за носење и за користење зимска опрема.

„Влажни и замрзнати коловози, поледица, голомразица, остатоци од кашест снег на коловозот, ниски температури, обилни и помалку обилни врнежи од снег. Тоа е реалноста во зима. Временски услови и состојба на патиштата сосема нормална и очекувана. Ваша обврска како возач е да го подготвите вашето возило и да се подготвите за безбедно учество во сообраќајот.“, наведува РСБСП.

Од таму посочуваат дека возачите ги читаат вестите од црна хроника како нешто сосема нормално, без да извлечат поука: „Тешка сообраќајна незгода. Возило излетало од патот поради поголема брзина и лизгав коловоз“,  „Заглавени возила на патот. Голем дел од возачите не користеле зимска опрема“, „Голем број изречени казни за неносење зимска опрема“ – се најчестите вести во делот на сообраќајна хроника што секојднево се објавуваат на електронските и на печатените медиуми во зимскиот период од годината. Но, наместо да се извлече поука и да се преземат конкретни дејствија, голем број возачи велат дека тоа не е ништо ново и ништо страшно. Дали навистина не е страшно? Дали фактот што секојдневно гинат лица на патиштата, не е нешто страшно? Дали не се згрозувате од страшните глетки на искршени возила, од глетката на крв и солзи на патиштата? Дали полицискиот билтен и болничките извештаи за настрадани лица во сообраќајни незгоди навистина не ве загрижуваат?

Убедени сме дека нема човек кој не се замислува барем за момент кога ќе види и ќе слушне трагична вест за настрадани лица во сообраќајна незгода. Прашањето е, што преземате за да се заштитите? Дали обезбедивте зимска опрема за вашето возило? Користите ли зимски гуми? Направивте ли превентивен технички преглед на вашето возило? Кога ќе го подготвите возилото за возење во зима? Сега, или ќе жалите цел живот зошто не сте го направиле тоа откако ќе се случи сообраќајна незгода?“.

И покрај тоа, голем број возачи, наместо да ја исполнат својата законска обврска за носење и за користење зимска опрема, избираат да го решат проблемот со изговори.

„Секојдневно можеме да слушнеме изговори од типот: „Оваа година нема да има многу снег и поледици, па не морам да ги менувам гумите“, „Во зима не возам многу и не ми се прави трошок за набавка на зимска опрема“, „Скапи се зимските гуми, не давам пари за тоа“, „Ниедна зима не користам зимска опрема, па ништо не ми се случило“, „Летните гуми се супер, не ми требаат нови гуми“, „Не знам да местам синџири за снег и затоа не ги користам“, „Не ги сакам зимските гуми, многу се бучни“, „Ставам зимски гуми само на двете погонски тркала, тоа е доволно. Некои не ставаат воопшто“. Убедени сме дека нема човек кој не се замислува барем за момент кога ќе види и ќе слушне трагична вест за настрадани лица во сообраќајна незгода. Прашањето е, што преземате за да се заштитите? Дали обезбедивте зимска опрема за вашето возило? Користите ли зимски гуми? Направивте ли превентивен технички преглед на вашето возило? Кога ќе го подготвите возилото за возење во зима? Сега, или ќе жалите цел живот зошто не сте го направиле тоа откако ќе се случи сообраќајна незгода?“, предупредуваат од Советот за безбедност во сообраќајот.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 20 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 43 минути

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена