Вести
КК Гостивар загуби од Работнички (89:78) – Ќе презими на 4-тата позиција на табелата
Кошаркарите на КК Гостивар загубија вчера на гостувањето во Градски парк од актуелниот шампион Работнички 89:78, по четвртини (29:19, 12:18, 19:25, 29:16)
Гостиварци потклекнаа во финишот, беа рамноправен противник во поголемиот дел од натпреварот. Успеаа резултатски да е вратат после првата четвртина која домаќинот ја доби со десет поени разлика. Отпорот се зголемуваше во втората, посебно во третата четвртина кои им припаднаа на гостиварци и го презедоа водството 57:59. Во последниот дел неколкупати се менуваше водството, но во самиот финиш попушти концентрацијата на гостите, на 4 минути пред крај Работнички направи серија од 9:0 и немаше повеќе време за нешто повеќе.
Кирил Николовски беше нерешлива енигма за одбраната на КК Гостивар, запиша 30 поени. Тој и Стајиќ 20, заедно, постигнаа повеќе од половина поени за домаќинот.
Кај „бело-сините“ најрасположени беа Фурстингер и Димчевски постигнаа по 17, Зеќири запиша 11 поени.
Со одигрувањето на последното коло од есенскиот дел, се разјасни сликата околу распоредот на табелата. КК Гостивар ќе презими на четвртата позиција со скор од 6 победи и 4 порази и кош разлика 110 во позитива.
Вториот дел од првенството започнува кон крајот на јануари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар