Поврзи се со нас

Македонија

Саботното извлекување на Лото 7 донесе 7-ка во Кичево, вредна близу 200.000 евра

Објавено

на

Во 44-тото коло од играта на среќа Лото7, одржано на 21-ви септември 2019, во сабота, донесе 7-ка вредна 11.966.712,00 денари. Според податоците, извлечените броеви 5, 6,19, 26, 27, 31 и 34 се уплатени во Кичево на продажно место ТП Аива 5.

Ова е втора 7-ка од почетокот на приредување на играта Лото 7, постигната по само пет месеци по рекордната 7-ка која вредеше близу 500.000 евра (29.293.930,00 денари)

Во историјата на Лото игрите приредувани од Државна лотарија, ова е 23-та 7-ка и прва во Кичево.

За 7-ка до сега се славеше по еднаш  во Свети Николе, Неготино, Тетово, Струмица и Кавадарци, два пати во Куманово, четири пати во Битола и единаесет пати во Скопје. Мапата на среќни добитници на 7-ка, сега се збогати со нов град – Кичево.

Во очекување да го запознаеме среќниот добитник, со надеж за негова скора посета на нашите простории, ви пренесуваме дека уплатата е извршена на продажно место ТП Аива 5 кое се наоѓа на улица Борис Кидриќ бб, во близина на општинската зграда на општина Кичево. Продажното место Аива 5 постои повеќе од дваесет години, а како уплатно – исплатно место за игрите на среќа на Државна лотарија, работи неполни две години. Ја контактиравме сопственичката на продажното место, која ни рече дека се извонредно среќни што токму кај нив е уплатена 7-ката и се надеваат дека ќе го запознаат добитникот. За сега не може ни да претпостават за кој може да се работи бидејќи во саботите кај нив уплаќаат од различни градови и околни села, дури и за по пет кола однапред.

Очекуваме повеќе интересни податоци од средбата со добитникот. До сега дел од нашите среќни добитници на 7-ка со задоволство ги споделија своите лото искуства и пренесоа пораки до играчите. Сите ни потврдија дека премиите им го промениле животот на подобро и им помогнале да остварат голем дел од своите планови и желби. Се надеваме дека наскоро ќе ја споделиме среќната приказна на вториот добитник на 7-ка од играта Лото 7, кој во 44-тото коло од играта на среќа Лото 7 постигна 7-ка вредна 11.966.712,00 денари, или близу 200.000 евра.

(комерцијална објава)

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена