Гостивар
Само 24 активно заразени со коронавирус во регион на Гостивар
Оптимистичка е сликата периодов за состојбата со ковид во Гостивар. Во регионот, кој освен гостиварската ги вклучува и општините Врапчиште и Маврово Ростуше моментално има само 24 активно болни. Во екот на пандемијата оваа бројка надминуваше 400. Во извештаите на Министерството за здравство изминатите два дена немаше нови потврдени случаи.
За разлика од претходно во времето на силните ковид бранови, кога инфективно се полнеше со болни, а се активираа и други одделенија како ковид центри, сега на инфективното одделение во гостиварската болница се хоспитализираат по 3-4 пациенти. Значително е намален и бројот на амбулантски случаи.
Првиот случај на коронавирус во Гостивар беше потврден на 19 март минатата година. Од тогаш до сега, на подрачјето регистрирани се вкупно 5.171 позитивно лице. Според евиденцијата на Институтот за јавно здравје, 247 пациенти ја загубиле битката со болеста. 4.900 се водат како оздравени.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар