Занимливости
Само една недела одмор од социјалните мрежи ја намалува депресијата и анксиозноста

Луѓето кои седум дена се одморале од платформите како ТикТок, Инстаграм, Твитер и Фејсбук пријавиле дека се чувствуваат подобро, покажало истражување на Универзитетот Бат во Велика Британија.
Научниците ги поделиле 154-те испитаници на возраст од 18 до 72 години во две групи – од кои на едната и бил овозможен пристап до социјалните мрежи, а на другата не.
Испитаниците пред истражувањето во просек користеле социјални мрежи, осум часа неделно.
Користејќи три теста, научниците го процениле нивното ниво на анксиозност и депресија, како и доброто расположение. Од нив било побарано да ја рангираат својата согласност со изјавите како “Се чувствувам оптимистично во поглед на иднината“
За да ја измерат депресијата, на учесниците во истражувањето им биле поставувани прашања, вклучувајќи “колку често во текот на последните две недели биле вознемирени поради малиот интерес или задоволства во објавувањето работи“.
Анксиозноста е следена со помош на скала на општо анксиозно нарушување, која утврдува колку често лицето го мачи чувство на нервоза или е “на работ“ или не може да престане да се грижи.
Кај оние кои земале еднонеделна пауза од социјалните мрежи се видело дека нивното добро расположение се искачило од просекот од 46 на 55,93 на Ворвик-Единбург скалата на ментална благосостојба.
Нивоата на депресија во оваа група паднале од 7,46 на 4,84 на Прашалникот за здравјето на пациентите, додека , додека анксиозноста паднала од 6,92 на 5,94 на скалата.
Главниот автор на истражувањето, д-р Џеф Ламберт вели дека овие резултати укажуваат на умерено подобрување на депресијата и благосостојбата и скромно подобрување на анксиозната состојба.
“Многу наши испитаници информираа за позитивни ефекти од исклучувањето од социјалните мрежи низ подобро расположение и помала анксиозност. Тоа сугерира дека дури и мала пауза, може да има влијание. Секако, социјалните мрежи се дел од животот и за многу луѓе се неизоставен дел од она кои се и како комуницираат со другите. Но, ако секоја недела минувате часови листајќи и чувствувате дека тоа негативно влијае на вас, можеби е важно да го намалите времето на мрежите за да видите дали тоа ќе помогне“, објаснува д-р Ламберт.
“Одморот“ од социјалните мрежи би можел да стане дел од пакетот клинички препораки за помош на луѓето во управување со сопственото ментално здравје, велат истражувачите чија студија е објавена во списанието Cyberpsychology, Behavior and Social Networking.
Во соработка со Е наука
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022