Локални избори 2021
СДСМ и ВМРО ДПМНЕ без кандидати за градоначалник во Гостивар, Матески и Димовски носители на листите

Рокот за поднесување на кандидатурите за локалните избори до Општинските изборни комисии истече ноќеска на полноќ. Партиите од македонскиот блок не поднесоа кандидатури за градоначалник на Општина Гостивар. На локалните избори во Гостивар ќе учествуваат само со советнички листи.
За градоначалник на Гостивар, ДПА ја кандидира Рената Елези, ДУИ излегува со Невзат Бејта, Алијанса за Албанците ќе бара втор мандат за Арбен Таравари, додека кандидат на БЕСА е Фадиљ Зендели.
Носители на листата за советници македонските партии се актуелните претседатели на гостиварските партиски ограноци.
Од СДСМ за Gostivarpress.mk потврдија дека носител на листата е Станиша Матески, по кого следуваат Ема Нешкоска, Рената Дуцеска, Роберт Бошкоски, Слаѓана Симуноска…
ВМРО ДПМНЕ за Gostivarpress.mk информира дека носител на листата е Гоце Димовски, а редоследот по него е Зоран Наумоски, Анета Ќироска, Александар Нанковски, Милан Јованоски…
Советничката листа на ДУИ ја предводи Африм Аручи, додека на Алијанса за Албанците Ваљбон Лимани.
Се очекува Државната изборна комисија во текот на денот да соопшти колку кандидатури се поднесени за градоначалници и советнички листи до Општинските изборни комисии.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022