Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 17/04/2019 | 07:48

Се нарекува ЗДРАВЕЦ со право – билка која помага против несоница, крварење, афти…

Поборниците на алтернатината медицина знаат да кажат „природата лечи се“. Во природата навистина може да се најдат многу лековити билки и растенија, кои помагаат во ублажување или отстранување на здравствени тегоби. Едно од нив е здравецот (Geranium macrorrhizum).

Од оваа билка, која цвета од април до јули, може да се користи секој дел: корен, стебло, лисја, цвет.

Вреди да ја имате во својата домашна билн аптека, затоа што списокот на тегоби за кои помага е долг. Содржи танин, смоли, танинова киселина, растителен шеќер и пектин.

Првенствено благотворно делува за стомакот и цревата. Помага против крварења во внатрешните органи, како на пример од ранички во матката или при хемороиди. Се користи и во борбата против шеќерната болест, уринарни инфекции, воспаленија на бубрези и бешика. Исто така, може да помогне и при дијареа.

Здравецот е ваш пријател доколку се борите против воспаленија на кожата и кожни болести. Заради лековитоста и ароматизираноста наоѓа примена во козметиката.

Ако патите од инфекции, афти, рани во усната празнина, обидете се да ги излекувате со гаргара со чај од здравец. Една лажичка од исушени цветови и лисја од билката се прелеваат со 250 мл. врела вода, се остава да отстои 20 минути и чајот е готов.

Против висок притисок, нервоза или несоница подгответе си напиток од коренот. Изрендајте го коренот од една билка, додадете половина литар ладна вода и оставете  да отстои осум часа. Убаво промешајте и вака подготвениот лек се пие 2 до 3 пати на ден, по мал филџан за кафе на празен стомак.

Напишете коментар