Вести
Се празнува денот на Светите петнаесет тивериополски маченици
Македонската православна цркваденес ги празнува Петнаесетте свештеномаченици од Тивериопол (Струмица).
За време на владењето на императорот Јулијан Отстапник (361-363) е извршен прогон на христијаните. Тогаш во целата Римска империја биле издадени посебни наредби и биле испратени луѓе да ги спроведуваат. Со тие заповеди секој што ќе се откажел од Христа добивал големи почести од царот, ако пак не сакал да се откаже од неговата вера и не сакал да им принесе жртви на паганските идоли требало да биде подложен на жестоки казни и мачења. Тогаш, пред ваквата опасност од Никеја побегнале во Солун, а оттаму во Тивериопол, епископите Теодор и Тимотеј и монасите Комасиј и Евсебиј.
По пристигнувањето во Тивериопол ним им се придружиле месните свештеници Петар, Јован, Сергиј Никифор и Теодор (втори), ѓаконите Василиј и Тома, монасите Јеротеј, Харитон и Даниил како и еден мирјанин по име Сократ. За нивното прифаќање на христијанството разбрал и управителот на областа кој се наоѓал во Солун и кој веднаш презел мерки да бидат казнети. Ги фатил и погубил на 28 ноември (стар стил) 326 година.
Преданијата раскажуваат дека петнаесетте маченици се погубени во селото Куклиш.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените