Вести
Се празнуваат светите Вера, Надеж, Љубов
Православните христијани денес го одбележуваат празникот на Светите маченички Вера, Надеж,Љубов и нивната мајка Софија. Овие светици живееле и настрадале во Рим. Мудрата Софија, (софија – мудрост), останала вдовица, а како добра христијанка се утврдила себеси и своите ќерки во христијанската вера. Токму заради нивната вера биле изведени пред царот сите четири. Тие држејќи се за раце смирено но одлучно ја исповедале верата во Господ Христос и одбиле да и принесат идолски жртви на Артемида. Пред страдањето мајката ги крепела ќерките со совети да истраат докрај. Биле многу мачени и на крај убиени со меч.
Именден денес слават: Вера, Верка, Надежда, Нада, Љупка, Љуба
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди