Поврзи се со нас

Македонија

Се воведува АДА, дигитален асистент во јавен сектор

Објавено

на

На денешната седница на Владата преку демо-симулација беше извршена презентацијата на првиот дигиталниот асистент во јавниот сектор во нашата земја, „АДА“ дизајниран за потребите на програмите за државна помош.  Преку дигиталниот асистент, граѓаните и заинтересираните странски инвеститори ќе можат да ги добијат сите релевантни информации и да се запознаат со достапните програми и отворени повици и гарантира голема транспарентност, ефикасно и ефективно добивање на податоци за бизнисот во реално време.– Апликантот „Кодвел Анлимитед“ кој на објавениот јавен повик беше оценет во конкуренција на три проекти како најиновативната идеја за дигитален AI асистент за чија реализација државата преку Фондот за иновации и технолошки развој обезбеди девет милиони денари од буџетот на ФИТР, изврши симулација како во пракса ќе функционира „АДА“, базиран на вештачка интелигенција, која за прибирање на информации комуницираше со дел од институциите кои се јавуваат како даватели на државна помош, и тоа: Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони и Фондот за иновации и технолошки развој, наведе заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.Како што појасни Битиќи, преку дигиталниот асистент, граѓаните и заинтересираните странски инвеститори ќе можат да ги добијат сите релевантни информации и да се запознаат со достапните програми и отворени повици и гарантира голема транспарентност, ефикасно и ефективно добивање на податоци за бизнисот во реално време.– Со воведување на дигиталниот AI асистент до 80 проценти ќе се автоматизираат сите интеракции со корисниците, што ќе придонесе до голема заштеда на ресурси, проактивна комуникација со граѓаните, намалување на метежот во институциите, како и поефикасни и поефективни процеси, услуги и зголемување на продуктивноста на вработените. „АДА“ ќе биде достапна за граѓаните и заинтересираните странски инвеститори 24/7 и ќе може да даде одговор на сите најчесто поставувани прашања поврзани со Програмите за државна помош на Владата на Република Северна Македонија, додаде вицепремиерот.Тој додаде дека дигиталната алатка ќе има за задача да ја олесни комуникацијата и пристапот до информации на домашните и странските компании и инвеститорите.
– Дигиталниот асистент е способен за брзо учење, ќе овозможи комуникација со корисниците преку текстуални пораки, да го прилагоди својот јазик и тон врз основа на контекстот, да разбере и одговори на македонски, албански и англиски јазик и лесно да се ажурира во реално време.Дополнително, преку асистентот корисниците ќе можат да ја проверат и подобноста на своето претпријатие за некои од отворените повици, додека претпријатијата кои пак се интересираат за некоја од програмите, ќе можат да бидат информирани од страна на асистентот и да се пријават за истата преку оставање на потребните податоци, наведе Битиќи.Вицепремиерот посочи дека со цел привлекување на поголем број странски инвестиции во земјата, асистентот ќе биде истрениран да ја претстави нашата држава како поволна инвестициска дестинација, притоа ќе понуди персонализиран пристап при комуникација со потенцијални странски инвеститори.– „АДА“ може да ги води потенцијалните странски и локални инвеститори чекор по чекор низ процесот на избирање мерки на финансиска поддршка кои највеќе одговараат на нивните бизнис потреби и се очекува да направи револуција во канцелариската работа, рече Битиќи.Имено, инспирација за дизајнирање на оваа алатка е Ада Ловлејс која се смета за првата програмерка во светот.Во периодот кој следи и други владини институции ќе влезат во процес на адаптација и учење на „АДА“ со цел проширување на нејзините капацитети како би можела кон граѓаните да испорачува повеќе услуги.

Во иднина, дигиталниот асистент „АДА“ ќе биде основна контакт точка за услуги на граѓаните која ќе биде целосно дигитализирана. Тоа ќе придонесе до зголемување на ефикасноста, ефективноста, но поважно и транспарентноста на јавните услуги.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
ФОТО ВЕСТпред 3 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 3 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Гостиварпред 4 недели

Пријава за измама – Двајца гостиварци купиле ист стан

Видео емисиипред 2 недели

ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог

Видео емисиипред 4 недели

ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“

Македонијапред 3 недели

Министерството за енергетика со информации за сметките за струја – Приговори, цена по блокови, процедури…

Македонијапред 4 недели

Околу 32.000 корисници на МојДДВ чекаат поврат на парите

Светпред 4 недели

Џамијата Балиу во Елбасан прогласена за верски објект со најубава архитектура во светот за 2025 година

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар состанок за училиштата: Носење униформи, отсуства и мобилни телефони дел од темите

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 3 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена