Поврзи се со нас

Вести

Седница на гостиварскиот Совет: Вработувања, финансии, годишни програми, легализација…

Објавено

на

Советот на општина Гостивар на 24 јануари (четврток) ќе ја одржи 11-тата седница. Дневниот ред има дваесетина точки кои главно се однесуваат на работата на јавните претпријатија и урбанизмот. Советниците ќе го разгледуваат и годишниот План за вработување на општината за 2019-та, според кој во текот на оваа година се предвидени 29 нови вработувања.

На седницата ќе се дискутира за финансискиот извештај на Јавното претпријатие „Градски паркинг и зеленило“ Гостивар за периодот јули, август, септември 2018 година како и за одлуката на управниот одбор на претпријатието за  измена и дополнување на ценовникот за паркириање. Како што информираат од претпријатието, се работи за промена на цената за паркингот близу Центарот за социјала, кај градскиот парк, каде наместо досегашните 35 денари дневен билет, ќе се плаќа 20 денари за еден час.

Во врска со ЈП Комуналец, на дневен ред се ставени годишната Програма за јавна чистота на јавни површини и отворени простори на јавни објекти и  Програмата за работа на „Комуналец“ за 2019 година.

Советниците ќе се занимаваат и со Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба, реконструкција и одржување на локални патишта на подрачјето  на Општина Гостивар и да ја одредат Листата на приоритетни проекти за уредување и изградби на локални улици и патишта за 2019 година.

Точките од урбанизмот се однесуваат на легализација на дивоградби, односно нивно вклопување во урбанистичката планска документација.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена