Поврзи се со нас

Вести

Лукот, добар пријател на нашето здравје и убавина

Објавено

на

Лукот треба да биде еден од најчесто употребуваните зеленчуци во исхраната на секој човек.
Непријатната миризба не треба да биде пречка за да се консумира, напротив, доколку сакате да бидете здрави, витални и полни со енергија треба сѐ почесто да јадете лук.
Придобивките по однос на здравјето се огромни.

Досегашното мислење дека со лук може многу успешно да се справиме само со настинката повеќе не е оправдано, бидејќи благодетите кои се добиваат при редовно консумирање на лук не се однесуваат само на настинки и грип, тие се многу поголеми и делуваат на многу повеќе сегменти од здравјето.

Во продолжение информирајте се за придобивките кои ќе ги добиете доколку почнете да јадете лук или доколку почнете да го користите како препарат во комбинација со други природни состојки.

Бидете здрави и грижете се за вашето здравје – а лукот е токму таа состојка која ќе ви помогне во зачувување на здравјето.

лукот помага за нега на кожата – неколку исчистени и изгмечени чешниња лук додадете во вашата маска за лице, убаво промешајте и маската нанесете ја на лицето, оставете да делува неколку минути повеќе од вообичаеното предвидено време и потоа убаво исплакнете го лицето со вода.
Резултатот од ваквата маска збогатена со лук ќе биде чиста и мека кожа, чист тен и свеж и мазен изглед.

лукот помага за справување со непосакуваните акни – една од големите предности кои лукот ги има во однос на другите природни состојки е неговата успешно докажана употреба во борбата со акните.
Сокот од лукот многу поволно и пријатно делува врз зачувувањето на убавината на лицето.
Доколку забележите акни на лицето, не очајувајте, изгмечете едно или две чешниња лук и поставете ги директно на проблематичното место на лицето каде се појавиле акните.
Ќе бидете зачудени од брзиот резултат кој ќе го забележите, лукот ќе ја смири иритираната кожа и отокот кој се појавува околу акната веднаш ќе спласне.

лукот помага во намалување на кашлањето – доволно е ситно да исечкате две главици убаво исчистен лук, да го ставите во еден децилитар врела вода и добиениот сируп (чај од лук) да го оставите да отстои неколку минути. Сирупот треба да се консумира неколку пати во текот на денот.
Ќе бидете изненадени од делувањето на овој сируп кој ќе ви помогне во олеснување на дишењето и намалување на кашлањето.

лукот помага во намалување на херпес – непријатниот херпес кој се појавува најчесто како резултат на доживеан стрес може да се излечи со помош на лук. Директно на херпесот ставете парче исчистен лук и оставете го да делува околу 10 минути. За побрзо да се справите со херпесот, постапката повторете ја 4 до 5 пати во текот на денот.

лукот помага во намалувањето на губење на коса – најдобри резултати за да се намали опаѓањето на косата се добиваат со лукот. Сѐ што треба да направите е неколку пати во текот на една недела да го масирате темето на главата со масло од лук или да го масирате директно со самите чешниња лук. Оставете лукот да делува 10 минути на темето и потоа измијте ја косата со некој добар шампон.

лукот помага за намалување на болките предизвикани од воспаление на уво – знаеме дека овие болки се неподносливи, но истите можат да се намалат, а понекогаш и сосема да исчезнат благодарение на лукот.
Во една лажица врело маслиново масло ставете едно издробено чешне лук, оставете го да отстои еден час и од оваа смеса капнувајте во воспаленото уво по една до две капки, неколку пати во текот на денот сѐ додека не се намали болката.

лукот помага за отстранување на трнчиња од кожата – доколку на некој дел на кожата забележите трнче кое не можете никако да го извадите, најдобро е да ставите пресечено парче лук прекриено со фластер и да го оставите да стои некое време, по кое самото трнче ќе исплива на површината на кожата.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 47 минути

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 2 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 5 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 6 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 7 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 8 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 19 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 21 час

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 1 ден

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена