Поврзи се со нас

Гостивар

Сектор за образование Гостивар: Грејната сезона во училиштата ќе почне навреме, но ќе биде многу тешко

Објавено

на

Грејната сезона во училиштата на територијата на Општина Гостивар ќе започне навреме, но со оглед на енергетската и економска криза се очекува тешка зима, оценуваат од општинскиот Сектор за образование.

„Со затоплување на училиштата треба да почнеме од 15 октомври и ние сме подготвени, затоа што секогаш остануваат резерви нафта и од претходната година. Значи имаме нафта сега за сега, во сите училишта. Сепак, понатаму не знаеме како ќе се одвиваат работите. Дотациите никако не се доволни да ги покријат трошоците за целата сезона, ние како општина за греење на школите користиме пари и од општинскиот буџет. Но, мислам дека оваа година ќе биде многу тешко, затоа што ни стигнуваат огромни сметки за струја. Како ќе продолжиме, не знаеме. Градоначалникот бараше зимскиот распуст да биде 2 месеци, а летниот да се скрати. За ова треба да реши МОН, а немаме одговор. Исто така, чекаме да видиме дали училиштата ќе продолжат да плаќаат индустриска струја, или тоа ќе се менува. Слушнавме преку медиумите дека премиерот рече дека ќе има некои промени, мерки, но се‘ уште немаме официјално писмено известување за тоа.“, вели раководителката на Секторот, Аслијан Снопче.

На почетокот на новата учебна година одуправите на училиштата било побарано да спроведуваат одредени мерки на штедење, за да се намалат трошоците за електрична енергија.

„Ние писмено баравме од директорите на училиштата да спроведуваат мерки на штедење, како на пример да не се греат спортските сали, за ходниците да не се троши струја,  сијалиците да не се пуштаат без потреба и сл. Претежно училиштата се со нови фасади и мислам дека тоа ќе помогне да се заштеди. Во тек сме со сотојбата, проверуваме дали постапуваат по тие барања и до сега утврдидвме дека ги почитуваат“, кажа Снопче.

На гостиварска територија има 11 централни основни училишта, 20 подрачни и четири средни училишта.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена