Поврзи се со нас

Вести

Сенатот на САД ја блокираше помошта за Украина и Израел

Објавено

на

Републиканците во Сенатот ја блокираа помошта за Израел и Украина за време на гласањето синоќа, во протест на, како што тие сметаат, разлабавената безбедносна политика на границите на САД.

Се гласаше по чисто партиска линија, со 49 против 51. За носење закон потребни се 60 гласови. При крајот на гласањето лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, го промени својот глас во процедурален „против“ со што ќе му се дозволи да ја поднесе мерката повторно на гласање.

Републиканците инсистираат помошта за Украина и Израел да зависи од значајно менување на политиката околу контролата на јужната граница на САД. Се дознава дека се бара некаков консензус, но засега нема изгледи за двопартиски договор.

Ќорсокакот доаѓа во заднина на војната на Израел против Хамас и војната на Украина против агресијата на Русија.

Белата куќа претходно објави очајно предупредување дека парите за Украина се при крај и ако не се осигура договор за нова помош тоа би било критичен ризик по националната безбедност на САД.

Мич Меконел, лидер на малцинството во Сенатот рече дека нема да се крои закон сѐ додека „на сериозен начин не се реши главниот национален безбедносен приоритет на Америка“ и побара законот да вклучи промени во политиката за да се осигурала посилна безбедност на границите.

Шумер ги критикуваше републиканците дека помошта ја користат како „заложник“.

Во пакетот одобрен од Белата куќа предвидени се 61 милијардa долари помош за Украина, 14 милијарди долари воена помош за Израел, осум милијарди за Тајван и тихоокеанскиот регион, а 14 милијарди долари се за засилена контрола на јужната граница. Потоа, околу 10 милијарди долари се предвидена хуманитарна помош за Газа и Западниот брег, како и помош за миграцијата и бегалците на американско-мексиканската граница.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена