Македонија
Септември удира по семејниот буџет! Еве колку чини опремувањето на ученик

Новата учебна година е пред самиот почеток и подготовките за на училиште се веќе почнати. Секој септември носи значителен трошок за семејствата кои имаат ученици, со оглед дека треба да се обезбедат тетратки, прибори, боички, фломастери, блокови, во голем дел и нови ранци.
Gostivarpress.mk направи обиколка во книжарниците и неколку поголеми маркети низ Гостивар кои продаваат школски материјал, за да ги увидиме цените и понудите.
Цената на училишните чанти се движи од 700 денари па се до 6.000 денари, во зависност од големината, квалитетот и слично. Школските несесери коишто се празни се продаваат од 100 до 1.000 денари, додека цените на полните несесери со моливи, гуми и боички почнуваат од 220 денари, па се до 2.000 денари. Тетратките А5 формат се со цена од 12 денари до 70 денари, а тетратките А4 формат се движат од 40 денари до 150 денари. Фломастерите и дрвените боички се со цена од 70 до 100 денари. Моливите, гумите и острилките се движат од 10 денари нагоре.
Трговците велат дека цената на целиот школски прибор пред се‘ зависи од неговиот квалитет и бренд. Во книжарниците може да се најдат поевтини материјали, но и такви кои се доста поскапи. Родителите купуваат според своите можности, но се согласни дека стартот на учебната година го тенчи домашниот буџет, од кој мора да издвојат значителна сума за опремување на своите деца.
Први септември е особено возбудлив за првачињата, кои ќе направат сефте на училишните клупи. За првиот свечен ден во училиште, како по непишано правило, родителите купуваат и нова облека, што е дополнителен финансиски товар. Грубите пресметки покажаа дека за почетокот на едно прваче на училиште, родителите треба да одвојат околу 3.000 денари само за школски материјали.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!