Гостивар
Серија предавања за штетноста од дрога и алкохол во гостиварските училишта
Секторот за внатрешни работи Тетово започна со спроведување на превентивно-едукативен проект во училиштата на гостиварското и на тетовското подрачје: „Превенција од дрога и алкохол“
„На посебни часови, интерактивно, учениците поблиску се информираат за штетените здравствени, социјални, психолошки и други последици од користење дроги и алкохол, но и за законските импликации поврзани со уживање или производство и пуштање во промет на наркотични дроги.“, стои во полициското соопштение.
Со предавањата ќе бидат опфатени осноците од деветтите одделенија, во паралелки на македонски, албански и на турски јазик.
Паралелно, СВР го спроведува и проектот „Превенција од трговија со луѓе“. Стручно обучени полициски службеници ги запознаваат учениците, како најбрзо да ја препознаат трговијата со луѓе уште во самите зачетоци на нејзините првични облици, како најефикасно да се заштитат од истата и како и кому да се обратат за помош.
Планирано е проектите да завршат за две до три недели во сите училишта.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар