Поврзи се со нас

Гостивар

Собрани триесетина единици на крв во денешната акција во Гостивар

Објавено

на

Општинската организација на Црвениот Крст во Гостивар, по повод Денот на формирањето на Црвениот Крст, 17 март, организираше крводарителна акција.

Акцијата се спроведе во просториите на службата за трансфузиологија во гостиварската болница, а беа собрани 30-тина единици на крв. „Ова е уште една успешна крводарителна акција на гостиварскиот Црвен Крст. Им благодариме на сите хумани граѓани што се приклучија“, рече Мерита Алили, секретар на Црвениот Крст во Гостивар, која и самата денес даруваше крв.

Голем дел од граѓаните кои денес подадоа рака на трансфузиологија, се редовни во дарување на крв и во оваа прилика упатија апел до сите граѓани да се приклучат на семејството на крводарители.

„Една капка крв спасува живот, и затоа би им препорачал на сите да не се плашат и да станат крводарители“, рече гостиварецот Ненад Карафиловски, крводарител.

Минатата година, Црвениот Крст Гостивар ја заокружи со собрани 1.400 единици на крв. Свечената прослава со доделување на благодарници за хуманите крводарители во Гостивар ќе се одржи на 14 јуни, на Светскиот ден на крводарителството.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена