Гостивар
Сертификати за лицата вклучени во обуката на Мултифункционалниот центар во Гостивар

Група од дваесетина невработени лица, од кои дел со попреченост, вклучени во стручното оспособување за кулинарски вештини при Тренинг центарот лоциран во Мултифункционалниот општински центар во Гостивар, денес ги добија сертификатите за успешно завршена обука.
„Денеска ги врачивме првите Сертификати за лицата со посебни потреби и невработени лица. Ова достигнување доаѓа преку заеднички проект меѓу општина Гостивар и УНДП и „Пела академија“ кој има за цел да ги обучи лицата со посебни потреби. Лицата кои денес добија сертификати се веќе квалификувани лица и можат самостојно да се ангажираат и работат во гастрономски локали, рестирани, кујни, работилници, кафетерии во Гостивар и да бидат дел од секојдневниот општествен живот.“, изјави градоначалникот Арбен Таравари.
Обуката која траеше неколку месеци е дел од иницијатива за приватно – јавно партнерство.
Мултифункционалниот Центар за социјални услуги во домот и заедницата е наменет за потребите на граѓаните од целиот Полошки регион, кој нуди грижа и нега, рехабилитација, поддршка на независно живеење, одмена на семејна грижа и други услуги наменети за лица со попречености и нивните семејства.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!