Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Шест видови на храна што ги потемнува забите

Објавено

на

Некои намирници, како и севкупните навики во исхраната можат да придонесат за промена на бојата и потемнување на забите. Со годините глеѓта почнува да напукнува и да еродира, изложувајќи го дентинот кој апсорбира делови од храната.

Еве неколку намирници кои можат да придонесат за промена на бојата на забите.

  1. Чај

 

Чајот можеби се чини како поздрава опција од кафето, но не и кога се работи за забите. Топлиот чај содржи повеќе танини од кафето и може да предизвика пребојување на забите. Многу чаеви имаат мали честички кои навлегуваат во ситните пукнатини со што се добиваат карактеристични пребојувања. Чаевите со потемна боја повеќе ги пребојуваат забите од посветлите. Ако имате оштетувања на глеѓта и лоши стоматолошки навики, пребојувањето ќе се случи побрзо.

  1. Соја сос

Потемните течности се едни од најчестите виновници за пребојување на забите, меѓу кои и соја сосот. Пигментот од соја сосот се лепи за забите и прави дамки. За повеќето комерцијално достапни видови соја сос не се користи ферментирана соја, наместо тоа содржат соја протеин со солна киселина. Оваа киселина придонесува за промена на бојата на забите, како и за нивно оштетување. Покрај тоа, соја сосот е и потенцијално опасен за здравјето, бидејќи содржи големо количество на натриум.

  1. Балсамиран оцет

Иако е многу вкусен како додаток на салатите, оцетот може да остави дамки на забите. Оцетнта киселина може да ја оштети глеѓта на забите, бидејќи го намалува pH нивото во устата, што води до деминерализација на глеѓта. Ова прави забите полесно да се расипуваат, бидејќи глеѓта станува послаба од нормално. Се препорачува да се чека 30 минути после јадењето на кисела храна, пред да се четкаат забите, за да и се овозможи на устата да го поврати нормалното pH ниво.

  1. Кари

Овој зачин го прави јадењето во кое се додава многу повкусно, но и на забите им „додава“ жолта нијанса. Иако карито нема посебно темна боја, неговиот пигмент може да навлезе во забите и да ги пребои. Затоа е потребно после јадење кари да ги исчеткате забите или барем да ја исплакнете устата со вода.

  1. Бело вино

Познато е дека црвеното вино е добро за здравјето, но не е баш добро за  забите. Истото важи и за белото вино. Едно истражување од 2009 година, направено од Универзитетот Њујорк, покажува дека и белото вино може да ги пребои забите и да ја оштети глеѓта, поради присуството на танини и киселини.

  1. Капини, малини, боровинки

Овие плодови се полни со витамини и антиоксиданти кои се одлични за здравјето. Сепак, нивната природно темна боја и шеќерот што го содржат со време може да ги пожолтат забите. Тие може да се залепат за глеѓта, создавајќи обвивка околу забот, независно дали ги јадете цели, или преработени како џем или како сок. Најдобро е да се напиете вода за да го спречите пребојувањето, а да завршите со чаша млеко или друг млечен производ за неутрализирање на киселината, а и за зацврстување на забите.

 

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 8 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 10 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 11 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 12 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 13 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 14 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 15 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена