Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Препораки и совети за справување со горештините

Објавено

на

Во земјава деновиве, според метеоролошките служби, се очекуваат високи температури до 40 степени. На удар на жештините се сите луѓе, но особено ранливите групи, хронично болните, постарите лица, трудниците, малите деца, кои е неопходно посебно да внимаваат на здравствената заштита и однесување во жешките денови.

Лекарите советуваат дека во такви екстремни околности треба да ладат просториите, да се избегнува физичка активност, да се пие повеќе течности, да се избегнува престој на сонце во најтоплиот дел од денот. Помеѓу мерките кои треба да се преземат се постојано да се разладува домот. Се препорачува собната температура да биде под 32 степени во текот на денот, или под 24 во текот на ноќта. Ова е посебно важно за деца до 2 години, луѓето постари од 60 години, како и за хронично болните. Исто така, важно е да се избегне престој на отворено за време на најтоплиот дел од денот помеѓу 10 и 17 часот. Избегнувајте напорни физички активности. Ако некои работи мора да се завршат, направете го тоа во периодот од денот кога е посвежо, препорачливо од 4 до 7 часот наутро. Останете под сенка.

 

Никако немојте да оставате деца или животни во паркирани возила на сонце!

Носете лесна комотна облека изработена од природни материјали и светли бои. Често внесувајте течности, посебно вода, без оглед на тоа колку сте жедни. Треба да се избегнува алкохол и да се намали внесувањето на кафе и газирани безалкохолни пијалаци. Јадете помали, но почести оброци. Избегнувајте храна со висока содржина на протеини.

На чувствителните категории (деца, бремени жени и лица постари од 65 години) голема е веројатноста да им затреба помош во текот на жешките денови. Доколку почувствувате вртоглавица, гадење, вознемиреност, интензивна жед и главоболка. Веднаш побарајте сенка или ладен простор и измерете ја температурата на телото, јавете се на лекар / брза помош.

Додека чекате за помош, обидете се да се разладите, освежувајќи го лицето и главата со вода, отстранете го вишокот на облека и мирувајте.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена