Поврзи се со нас

Гостивар

Што прво би направиле ако станат градоначалнички на Гостивар? Одговараат советничките Нешковска и Ќироска

Објавено

на

Во последното издание на емисијата „Минути за секого“ на Gostivarpress.mk гостуваа советничките во Советот на Гостивар, Анета Ќироска (ВМРО-ДПМНЕ) и Ема Нешковска (СДСМ). Темата на разговорот главно е врзана околу прашањата на еднаквост, положбата на жените во денешниот свет и слично, но ја искористивме приликата и да ги запрашаме: Што прво би направиле ако утре станат градоначалнички на Гостивар?

Еве како одговорија:

Нешковска: Прво би се потрудила да го решам проблемот со кучињата скитници.

Ќироска: Како градоначалник на Гостивар треба многу работи да се прават за просперитет на градот во повеќе области, но еве јас како медицинар би се залагала за еколошки град.

Во емисијата стана збор и за работата на општинскиот Совет, при што Нешковска оцени дека актуелниот состав на советот кога се во прашање интересите на граѓаните умее да ги премости партиските разлики.

„Овој состав на советот навистина има слух и капацитет да работи во интерес на граѓаните, да ги слушне нивните барања, меѓутоа и да застане заеднички без оглед на разликите и политички партии многу често едногласно да ги донесе одлуките кои се во интерес на одредени категории граѓани. Тоа е за поздрав, затоа што на таков начин покажуваме дека имаме доволно и политичка и општествена свест да работиме и одлучуваме во интерес на граѓаните и она што е добро за сите нас како граѓани на Гостивар.“, рече Нешковска.

Ќироска како член на Комисијата за еднакви можности при Советот истакна дека ова тело е доста активно на полето на заштита на женските права со низа проекти и активности.

„Сите членови во оваа Комисија работиме со желба, со елан, и сме активни во сите сфери кои се однесуваат на оваа комисија, а резултатите од работата се гледаат. Годинава се направи план програма со однапред поставени цели на кои следат активности. Би издвоила дека се изгласа отворање на засолниште за жртви за семејно насислтво, и тоа е огромен напредок за нашиот град, затоа што колку и да сакаме да го избегнеме насилството, не можеме, за жал има се‘ повеќе жртви на семејно насилство на кои им треба поддршка. Исто така, за време на 16 дена активизам за борба против рак на дојка лани, сите едногласно изгласаме бесплатна мамографија за жени кои се борат со болеста и имаше олем интерес.“, рече Ќироска.

Целата емисија може да ја погледнете подолу или на Јутуб каналот на Gostivarpress.mk

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена