Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Што се ни предизвикува стрес, а не сме баш свесни за тоа..

Објавено

на

alejandrastress1Стресот е голем непријател на здравјето и убавиот изглед. Најчестите причини поради кои сме под стрес се проблемите со децата, парите, здравјето, проблемите во односите со партнерот. Меѓутоа, изворите на стресот најчесто се онаму каде што истите воопшто не ги доживуваме како такви. Без да сте свесни, во секојдневниот живот постојат бројни неочекувани причини за секојдневна грижа и чувство на тешкотии. Еве некои од нив…

Колегите на работа 

Многумина сметаат дека изворот на стрес на работното место е нивниот надреден, но не е баш така. Во текот на работното време најмногу време поминуваме со колегите па за стресот кој го чувствувате, во поголемиот дел од случаевите може да бидат одговорни токму вашите колеги. Само затоа што се во професионалната хиреархија вие се наоѓате на иста позиција, но тоа не значи дека со колегите же се сложувате. Научниците предлагаат посебна „техника“ за преживување на работното место. Разговорот започнете го со комплимет, а потоа прејдете на проблемите. Бидете директни, јасни, објаснете со примери и дајте повратна информација и може начин на решавање на проблемот.

Домашниот миленик 

Кучето или мачето може да ви бидат најдобри и најверни пријатели, но и тие можат да бидат извор на стрес. Секој кој сред ноќ трчал на ветеринар и неможел да спие поради мјаукањето или лаењето, искусил стрес предизвикан од домашните миленици.
Куќните миленичиња често можат да бидат неприметна причина за анксиозноста која ја
чувствувате. Доколку видите дека работите излегуваат од контрола, дека домашното милениче ја уништува куќата, не ви дава да спиете, ве вознемирува и во создава чувство на анксиозност, време е нешто да преземете – побарајте совет од ветеринар. Поставете нови правила и граници. Домашното милениче би требало да го подобри квалитетот на животот, а не да го нарушува. Запамтете го ова!

Спалната соба 

Спалната соба би требало да биде најудобната и најмирната просторија во вашиот дом, но дали вашата соба е токму таква? Расфрлена облека на креветот и нередот не само што негативно влијае на квалитетот на сонот, туку и го зголемуваат нивото на стрес. Студиите веќе покажале дека постои колерација меѓу неуредните домови и чувството на незадоволство, блага депресија и анксиозност. Знаете што треба да направите…

Будилникот 

Истражувањата покажуваат дека будилниците осветлени со сино светло го нарушуваат сонот и со тоа ја одземаат енергијата потребна за претстојниот ден. Будилниците со силни ѕвуци произведуваат ефекто кој целотот тело го „стресира“ веднаш по будењето. Според зборовите на научниците, нашето тело подобро делува на мирни тонови. Затоа се препорачува да пронајдете будилник со смирувачко ѕвонче.

Фејсбук 

Сакате накратко да се одморите со Фејсбук, прегледувајќи ги статусите на своите пријатели, но можеби на овој начин се изложувате на стрес. Дружењето по пат на Фејсбук, како и секој друг однос, влијае на вашите емоции, па така новостите кои ги дознаваме по пат на статусите на пријателите, понекогаш може да ве вознемират, да ве направат љубоморни или да ве растажат. Научниците советуваат дека би требало да следиме како се чувствуваме откако ќе прочитаме одредени вести на оваа друштвена мрежа. Посебно ако се наоѓате во тежок период во вашиот живот, а вашите познаници и приајтели не престануваат да се фалат со нивните добри вести. Ако заклучите дека со секоја посета на Фејсбук се чувствувате депресивно и тажно, можеби е време вашето слободно време да почнете да го поминувате со работите кои навистина ве радуваат – прочитајте книга, погледнете филм или одете на прошетка, дружете се со вашите драги луѓе.

Компјутер 

Затоа што поголемиот дел од вашето работно време го поминувате на компјутер, обидете се тоа да го избегнете во текот на викендот. Одредете барем еден ден во текот на викендото кога воопшто нема ни да го погледнете компјутерот. Неодамнешните студии покажале дека долгото седење пред компјутер предивикува стресни реакции како што се забрзано дишење, а предивикува и напнатост во рацете и рамениците.
– Вишокот на информации се стресни, па влијаат и на вашето физичко здравје. Самите на себе ограничете го времето поминато пред екранот, поставите граници, не го проверувајте маилот постојано и често правите паузи – препорачуваат истражувачите.

Светлото во тоалетот 

Дали светолото во вашиот тоалет е силни, неосно, ја осветлува секоја брчка и неправилност на кожата или проширени пори? Тоа е многу важно затоа што токму тој поглед во огледалото под такво осветлување може да предизвика одредена доза на стрес. Начинот на кој наутро се гледате во огледло влијае на начинот на кој се доживувате сами себе. „Инвестицијата“ во ново осветлување или замена на сијалиците може да биде важен чекор секое утро да се чувствувате подобро во сопствената кожа.

Трачеви 

Понекогаш е забавно да се прочитаат нови трачеви за Анџелина Џоли и Бред Пит или да ѕирнете во новата куќа на Џенифер Анистон, но научниците и истражувачите предупредуваат дека претераното читање на трачеви за познатите може да влијае на нивото на вашата среќа и стрес.
– Споредувањето со славните личности тешко им паѓа и на оние кои се задоволни од сопствениот живот. Познатите и славните имаат лични тренери, козметичари, шминкери, фризери, помошнички, батлери, градинари, дадилки и готвачи. Наместо да го копирате новниот стил на живот, прифатете се сами себе. Секако, понекогаш почастете се со некој сочен трач, но подобро е вашето слободно време да го поминувате правејќи нешто добро за себе, советуваат истражувачите.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 3 секунди

Велики петок неработен за православните, Први мај и втор ден Велигден неработни за сите граѓани

Гостиварпред 1 час

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 3 часа

Во Гостивар попладнево настан во чест на Денот на македонскиот јазик

Македонијапред 4 часа

Пролетен распуст од понеделник, по него ден со скратени часови, па неработна среда

Здравје и убавинапред 5 часа

Нискокалорична, а многу хранлива-7 топ бенефити од јадење краставица

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Рокот за поднесување приговори до ДИК истекува денес во 19 часот

Гостиварпред 6 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 16 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена