Локални избори 2017
Што ветуваат кандидатите за градоначалник на Гостивар?
Измина првата недела од предизборната кампања во која партиите ги промовираа своите кандидати за градоначалник и за членови на Советот на општина Гостивар и накусо ги претставија главните проекти во Изборните програми за Локалните избори.
По нивните првични излагања и настапи впечатокот е дека добро ги детектирале проблемите и потребите на граѓаните на Гостивар. Тоа се докажува со фактот дека имаат предвидени проекти за најгорливите прашања што ги засегаат гостиварци. Речиси сите ветуваат дека трајно ќе го решат депонирањето на комуналниот отпад по европски теркови и дека ќе се игради фабрика за рециклирање, ветуваат локален економски развој и стимулирање на бизнисите, подобрување на патната инфраструктура-асфалтирања на улици низ населбите и селата, повеќе спортски терени и поголема перспектива за младите, инвестиции во училиштата, катни гаражи…
Се чини дека партиите во Програмите отстапиле место и посветиле внимание за најважните маки на граѓаните. Гледано на хартија и слушнато преку нивните излагања во јавноста на средби, митизни, конвенции, сето тоа изгледа многу позитивно и солидно смислено. Она што преостанува е кому гостиварци ќе му поверуваат и со својот глас ќе му дадат дозвола да го заземе градоначалничкото место во мандатот 2017-2021.
Во првата недела од кампањата во Гостивар поминаа и централните митинзи на двете Коалиции предводени од партиите од македонскиот блок, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Она што можеше да се забележи дека освен на презентирање на Изборната програма, особен акцент во говорите се стави на соживотот, толеранцијата и мултиетничноста на Гостивар. Во таа насока, пораките од двата собири беа исти: повикуваа на почит на различностите и сплотување.
„Јас живеам овде меѓу своите луѓе и ги знам проблемите што ги тиштат граѓаните, зашто тоа се и мои проблеми. Тие проблеми не познаваат етничка припадност, вера, возраст и пол. Гостивар е препознатлив како пример за мултиетничност и соживот. Во Гостивар секогаш преовладува разумот и мултиетничкиот дух. Јас сум сигурен дека Гостивар може и заслужува повеќе од тоа што сега го има.“, рече во обраќањето на митингот, носителот на советничката листа од СДСМ, Зоран Ангелов.
„Во Гостивар од памтивек сме живееле заедно:Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Македонски муслимани. Така било и ние ќе се бориме да остане така. Мултиетничноста е богатство, а не хендикеп. Цврсто ќе ја негуваме мултиетничноста, која е симбол и богатсво на нашиот Гостивар. Заедно сме посилни, па затоа сплотени и единствени ќе ги разубавуваме секој дел од нашево заедничко родно место “, беше дел од говорот на носителот на листата за советници од ВМРО ДПМНЕ“, Лоран Страшевски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија