Поврзи се со нас

Локални избори 2017

Ангелов: Реконструкција на водоводната мрежа во Гостивар – еден од најважните проекти

Објавено

на

 

Носителот на листата за членови на Советот на општина Гостивар од СДСМ, Зоран Ангелов, во придружба на кандидатите за советници утрово ги претставија планираните мерки и проекти во програмата од областа на зачувување на чиста животна средина и вода за пиење.

„Ќе обезбедиме чиста и здрава вода за пиење и чист воздух, бидејќи тие се клучни за нашето здравје, а за нас ништо не е поважно од здравјето на граѓаните. Граѓаните се јасни и сериозни во своите барања, а ние одговорно го слушаме и го разбираме крикот за чиста животна средина.  Создадовме план и проекти за зголемен капацитет и за професионална услуга на јавното комунално претпријатие, преку намалени трошоци за граѓаните. Се обврзуваме постојано и навремено да ги чистиме депониите и каналите, ќе вложиме во колекторски систем, пречистителни станици за отпадни води, регионални фабрики за третман на цврст комунален отпад и во енергетско – ефикасни објекти. Еден од најважните проекти ќе биде реконструкција на водоводната мрежа, бидејќи како што знаеме сите, водоводната инсталација е постара од 60 години, при што се јавува неопходна потреба од потполна замена на старата секундарна водоводна мрежа, замена на азбестните цевки за пренос на вода до домаќинствата кои кај нас се се уште во употреба, а Европската Унија ги забрани уште во 2005 година бидејќи се штетни по здравјето на граѓаните. Ќе обезбедиме намалување на загубите во водоснабдителниот систем и подобрување на притисокот на водата. Ќе поставиме мерна станица за аерозагадување, која не постои во Гостивар, а по чие поставување ќе биде позната аеро-загаденоста и со тоа ќе се преземаат мерки за нејзиното намалување.“, рече Ангелов.

На прес конференцијата што се одржа покрај Кејот на Вардар, носителот на советничката листа од СДСМ потенцираше дека Гостивар особено заслужува да има чиста животна средина, како град со многу природни убавини: „Ние гостиварчани, како граѓани од првиот град на Вардар, со овие природни убавини околу нас, заслужуваме да дишеме чист воздух и да пиеме чиста вода. Заслужуваме власт која ќе ни обезбеди чиста и здрава вода за пиење. Заслужуваме да живееме во средина во која не летаат најлонски кеси при секој ветер и во која изворите не се загадени од купишта расфрлано ѓубре. Не заслужуваме природа во која сите реки, од Вардар до најмалата притока, се загадени. Не заслужуваме да живееме во средина во која на секој чекор има по една дива депонија“.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 3 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 7 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 9 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 11 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 12 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 13 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 14 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 1 ден

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена