Гостивар
Силни контроли, строги казни – Гостиварската полиција објавува „војна“ против пукачите на свадби

Пукањето со огнено оружје на свадбени свечености и неовластено користење на огномети најстрого ќе се казнува, најавуваат од СВР Тетово нагласувајќи дека борбата против оваа појава, која во летниот период е секојдневие во полошко, ќе биде бескомпромисна.
„ Ќе се применува нула толеранција, секој што ќе користи огнено оружје ќе се соочи со санкции, без исклучок. Полицијата „врти нов лист“, затоа што очигледно е дека апелите, предупредувањата и укажувањата не го даваат посакуваниот ефект. Граѓаните продолжуваат со опасната традиција на славење со пукање и неовластено користење на пиротехника, што може да биде крајно опасно. Потенцираме дека контролите ќе бидат засилени и ќе ги опфатат и свадбарите и угостителите.“, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Сезоната на свадбени свечености во гостиварско ја одбележуваат секојдневни нарушувања на јавниот ред и мир, но и инциденти со повредени. Во селото Чајле на свадба која се одржувала во двор од куќа, беа ранети две жени. За осомничениот за пукањето беше определен притвор.
Две други лица завршија во Полициската станица Гостивар, заради пукање со оружје и незаконско користење на огномет.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар