Поврзи се со нас

Македонија

Синдикатот бара газдите да ги заштитат работниците од топлотниот бран

Објавено

на

Сојузот на синдикатите на Македонија ги повика работодавачите, во услови на алертна фаза на високи температури, да ги почитуваат мерките предвидени со Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.

Сите работници кои работат во услови на изложеност на високи температури, се изложени на топлински стрес, кој се дефинира како физичка и физиолошка реакција на работникот на  температурата на која е изложен на неговото работно место, нагласуваат од ССМ и додаваат дека согласно Законот за безбедност и здравје при работа, работодавачот е должен да  обезбеди соодветни услови на работа кои нема да го загрозат  животот и здравјето на работниците.

Синдикатот бара работодавачите да ги почитуваат следните препораки:

  • Проверка на техничко-технолошки колективни мерки за заштита (адекватна вентилација и климатизација).
  • Контролирање на микроклиматските параметри;
  • Обезбедување на минимум една климатизирана просторија со функција на „засолниште” (каде вработените можат да се разладуваат извесен период во текот на работата);
  • Повозрасните лица, бремените жени и хронично болните лица да бидат ослободени од работни обврски;
  • Промени во организацијата на работниот процес ( работа во смени, ротација на работниците и сл.)
  • Избегнување на работа на отворено за време на најтоплиот период на денот ( 11-17 часот) или нејзино редуцирање.
  • Редуцирање на тешка физичка работа; Почести паузи во текот на работата, разладување на  вработените со обезбедување на климатизирани простори и доволно разладени  течности  за пиење;
  • Смалување на интензитетот на работата и нормите во производството.
  • Избегнување на прекувремената работа. Прекин на работата при потреба;
  • Поттикнување на самопријавувањето на симптомите кај вработените;
  • Обезбедување на адекватни лични заштитни средства;
  • Запознавање на работниците со  ризикот на работното место од високи температури, можните штетни ефекти по здравјетокако и со мерките за работа на безбеден начин.
  •  Предупредување на вработените за зголемената опасност од несреќи при работа (пожари). Посебно внимание и надзор при работа со хемиски материи заради поголема опасност од интоксикација
Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена