Гостивар
Скоро 160 казни во вчерашната сообраќајна акција во Гостивар
Санкционирани се 158 возачи при вчерашната акциска контрола на територија на општина Гостивар, во периодот од 11 и 30 до 17 и 30 часот. Акцијата е спроведена од Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција, Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, информираат утрово од Министерството за внатрешни работи.
„При контролата санкционирани се 158 возачи, од кои 47 за возење без возачка дозвола, 20 санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, 23 мерки за непрописно вградени фолии – затемнети стакла, седум санкции за возење без лекарско уверение во јавниот превоз… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“, нагласуваат од МВР.
Сообраќајните контроли, како што се додава во соопштението, продолжуваат и во наредните денови.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, се истакнува во соопштението на МВР.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 4 недели
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | ИНТЕРВЈУ со д-р Стојо Бошкоски