Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 29/04/2019 | 10:11

Словенија под снег, за Хрватска издадено предупредување за невреме

Временските прилики во Словенија за велигденските празници, повеќе наликуваат на божиќна атмосфера. Земјата е под снег. Неочекуваните снежни врнежи создаваат проблеми во сообраќајот. Како што јавуваат тамошните медиуми, низ патиштата во делови од земјата задолжителна е зимска опрема, а поради зимските услови, неколку планински превои се затворени за движење.

За делови од Хрватска пак, за денес е издаден метеоаларм со предупредување од можно невреме, поројни дождови, грмотевици и силен ветер. Според прогнозите, стабилизација на времето хрватите може да очекуваат во среда.

Напишете коментар