Поврзи се со нас

Македонија

Сметководителите со нов тарифник за услугите – без отстапки

Објавено

на

Сметководителите во Mакедонија ја прифатија предлог одлуката за тарифник за минимален надомест за сметководствени услуги. Eдногласно кажаа дека треба да се подигне позицијата на која со години наназад е сметководствената професија во Mакедонија.

Управниот одбор на институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија ја изгласа предлог одлука за донесување на тарифник за висина на минимален надомест за вршење на сметководствени услуги. Шест месеци се работело на тарифникот кој е од големо значење на сметководителите, затоа што како што беше истакнато ова ќе ја издигне професијата на местото кое го заслужува.

– Важно е да знаеме дека овој тарифник е како минимум на надомест за покривање на трошоците кои нашите колеги ги имаат при вршењето на книговодствените услуги, а додека во истиот тарифник предвидовме и цена по час за сметководствените услуги слично како и кај останатите дејности изјави Ленче Папазовска, Претседател на ИСОС. Сметководителството во Македонија е несоодветно регулирана. Папазовска смета дека истата треба да биде повеќе почитувана, но и сметководителите да треба да се залагаат за поквалитетни услуги. Според неа нелојаната конкуренција го спушти нивото на оваа фела.

Тарифникот може да го превземете тука

– Со години можеби имаме лица кои не припаѓаат токму на оваа наша професија односно не се на некои од општествените науки, посебно не од економијата и финасиите и самото тоа имаше еден пад на услугите кои што ги даваа сметководителите и се надеваме дека донесувањето на овој тарифник можеби ќе донесе за подобрување на квалитетот кој што го имаме, рече Папазовска.

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија има осум подружници. Тоа е професионално здружение со основна цел да се унапреди сметководствената професија.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена