Поврзи се со нас

Македонија

Казни од 5,8 милиони евра за Скопска и 2,7 милиони евра за Прилепска пиварница

Објавено

на

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата на седницата одржана на 22.05.2017 година, донесе решение со кое утврди дека ПИВАРА СКОПЈЕ АД Скопје, во периодот од 17.12.2012 година наваму, склучувала договори за продажба и дистрибуција на производите на ПИВАРА СКОПЈЕ АД Скопје со независните дистрибутери, во кои се содржеле одредби со кои ја ограничувала способноста на дистрибутерот да одреди своја продажна цена односно му наметнувал на дистрибутерот по која цена тој ќе продава на своите крајни купувачи.

Додека Прилепска Пиварница АД Прилеп, во периодот од 13.11.2010 година наваму, склучувала договори за деловна соработка со овластените дистрибутери, во кои се содржеле обврски за неконкурирање со неограничено времетраење како и одредби со кои ја ограничувала способноста на дистрибутерот да одреди своја продажна цена односно му наметнувал на дистрибутерот по која цена тој ќе продава на своите крајни купувачи.

Ова значи дека дистрибутерот неможе самостојно да си ја одреди цената по која ќе ги препродава истите производи на пазарот, што во услови на пазарна економија значи ограничување на конкуренцијата.

Ваквите одредби кои се однесуваат на одржување на препродажни цени претставуваат ограничувања кои не смеат да бидат содржани во вертикалните договори (договори помеѓу производителот и дистрибутерот) и истите претставуваат одредби кои имаат за цел нарушување на конкуренцијата, согласно Законот за заштита на конкуренцијата и согласно Уредбата за групно изземање на одредени видови вертикални договори.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена