Здравје и убавина
Смртоносниот срцев удар најчесто се случува во понеделник

Ново научно истражување посочува кога обично се случуваат најголемиот број фатални срцеви удари. Овој вид инфаркт е наречен СТЕМИ.
Имено, британската „Бритиш харт фаундејшн“ објави дека СТЕМИ најчесто се случува на почетокот на седмицата, т.е. во понеделник. Претпоставките засега говорат дека тоа може да биде поврзано со стрес или нарушен сон.
„Сега треба да откриеме што точно ги прави срцевите напади поверојатни во одредени денови. Ова може да им помогне на лекарите подобро да ја разберат таа смртоносна состојба за да може да спасиме повеќе животи во иднина“, изјави д-р Нилеш Самани.
Според кардиологот Џек Лафан, тоа веројатно се должи на стресот од враќањето на работа.
„Зголемениот стрес доведува до поголемо ниво на кортизол – хормонот на стрес што е поврзан со поголема опасност од срцев удар“, посочи тој.
За целите на ова истражување, биле анализирани податоци на 10.528 пациенти ширум Ирска, кои биле примени в болницата меѓу 2013 и 2018 година.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос