Поврзи се со нас

Македонија

Со Ахмети немам лични контакти, никогаш не сум бил член на политичка партија, вели Абази

Објавено

на

Новиот шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази на првата прес конференција што ја одржа денес ги кажа зацртаните приоритети во раководењето и одговараше на новинарски прашања.

„Сакам да им се заблагодарам на колегите кои излегоа и учествуваа во овој изборен процес. Ова е ново законско решение на избор и целта е да се дојде до поголема самостојност на обовинителството и да се избегнат сите надворешни влијанија. Освоените 66 гласа се голема одговорност за мене и мотив, колку што можам најпрофесионално да раководам со ова обвинителство. Најпрво ќе се запознаам со состојбите и работите во обвинителството, приоритетно ми е да ги пополниме празните места со обвинители, во истражниот центар и да воведеме дигитализација.“, рече Абази.

На новинарско прашање дали има блиски релации со ДУИ и контакти со Али Ахмети, новишт прв човек на обвинителството одговори: „Ниту сум, ниту некогаш сум бил член на политичка партија. Ниту во моето досегашно работење сум оставил впечаток на блискост до некоја политичка партија. Лични контакти со Али Ахмети немам, го познавам само како мој соселанец”.

Во однос на транспарентноста и јавноста, Абази рече дека согласно Законот за ЈО, тие се должни да бидат транспарентни и да информираат за работата по некои предмети кои будат интерес во јавноста, меѓутоа и дека треба да се зачува угледот и достоинството на обвинетите, оштетените и сите учесници во постапка.

Абази својата кариера ја почнува од јавен обвинител во ОЈО Кичево, ја продолжува во Вишо јавно обвинителство Гостивар, каде станал и раководител.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена